Главната цел на нашата иницијатива е да се унапреди владеењето на правото, да се олесни ефективно спроведување на правдата и да се спречи корупцијата во системите за високо образование на Албанија, Северна Македонија и Србија.

Овој заеднички напор е овозможен во рамките на регионалниот грант на СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (ЦПЦД), Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од норвешкото Министерство за надворешни работи (НМФА).

Регионот на Западниот Балкан и целните земји на проектот (Албанија, Северна Македонија и Србија) значаен временски период се соочуваат со проблеми со корупцијата. Иако во последната деценија беа спроведени неколку иницијативи, забележано е отсуство на фокусиран пристап за справување со корупцијата во секторот на високото образование.

Во најновите извештаи за напредокот на ЕУ за 2022 година, критиките беа упатени кон сите три земји за нивните постојни механизми за пријавување и спречување на корупцијата.

Имено, процената на Поглавјето 23 укажа на различни степени на подготовка во спроведувањето на правото на ЕУ и европските стандарди во судството и основните права, при што Албанија постигна добар напредок, Северна Македонија покажува одреден напредок, а Србија бележи ограничен напредок.

Првичниот преглед ги истакна следниве регионални трендови и предизвици, вклучувајќи:

• Недостаток на сеопфатни истражувања и податоци за механизмите за спречување на корупцијата;

• Отсуство на иницијативи за борба против корупцијата во високото образование;

• Ниско ниво на пријавување за корупција поради недостигот на свест и информации кај учениците;

• Пасивни институции и тела со мандат да постапуваат по пријавите за корупција;

• Несоодветен квалитет на правната рамка и потребата од усвојување и спроведување на стратешките документи,

• Ниско ниво на доверба во надлежните органи,

• Недостаток на видливост на темата во медиумите.

Преку овој проект, со цел да се отвори оваа тема преку фокусиран пристап на истражување и анализа, трите земји партнери ќе работат на следново:

• Примарно истражување – анкета „лице в лице“ со 300 студенти по земја (3 универзитети по земја – вкупно 9 универзитети и 900 студенти анкетирани преку персонално интервју со компјутер);

• Квалитативна истражувачка компонента, со длабински интервјуа со најмалку 5 засегнати страни по земја (вкупно 15), правна анализа, преглед на секундарни извори и користење на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер;

• Документ за креирање политики (Полиси бриф), кој ќе понуди прецизни заклучоци операционализирани во опипливи препораки за креаторите на политиките и релевантните засегнати страни;

• Водич за спречување на корупцијата, поддржан со алатки за релевантни најдобри практики, – со цел да се објасни постапката за заштита на правата на студентите на едноставен начин врз основа на пристапот на „чекор-по-чекор“ во секоја земја;

Дополнително, проектите имаат за цел да обезбедат трансфер на знаење/градење на капацитети и иновации преку следново:

• Работилници за градење капацитети во сите три земји – по две по земја во различни градови (секоја работилница со 20 учесници). Програма на работилницата првенствено ќе се заснова на наодите од истражувањето и документот за креирање на политиките.

• Ќе биде организирана летна школа на Охридското езеро во Северна Македонија. Вкупно 30 ученици – учесници (10 по земја) ќе бидат избрани преку јавен повик да учествуваат на тридневна летна школа за напредни практики за спречување на корупцијата.

• Конзорциумот ќе развие чет-бот – интерактивен бот кој ќе обезбедува релевантни информации за видовите на корупција во високото образование и механизмите за спречување на корупцијата со насоки и совети кои се приспособени на корисниците.

Специфични цели (исходи):

1. Подигнување на свеста: Подигнување на свеста кај сите засегнати страни во системот на високо образование за ефективно спроведување на механизмите за спречување на корупцијата.

2. Градење капацитети: Зајакнување на капацитетите на универзитетската администрација, менаџментот, студентите, студентските тела и организациите за спроведување на постојното законодавство за спречување на корупцијата и развивање на нови инструменти за справување со новите предизвици.

3. Овозможувачко опкружување: Промовирање и воспоставување овозможувачка средина за пријавување на корупцијата преку подобро информирани засегнати страни и поширока јавност.

Целни групи:

1. Активисти, неформални групи, претставници на студентски организации.

2. Администрација и менаџмент на јавните универзитети.

3. Претставници на граѓанското општество.

4. Други надлежни носители на интереси.

Корисници: студенти, вработени во универзитетот, Министерството за образование, надлежни органи (вклучувајќи ги и националните тела за спречување на корупцијата), медиуми и пошироката јавност.

Очекувани резултати:

1. R1: Зајакната регионална соработка помеѓу партнерите од целните земји и релевантните национални органи надлежни за спречување на корупцијата во високото образование.

2. R2: Подобрени капацитети за спр

3. R3: Поактивна улога на граѓанското општество во спречувањето на корупцијата на национално и регионално ниво.

4. R4: Подобро информирани засегнати страни и пошироката јавност за прашањата од интерес.

Вклучување на родовата перспектива: Нашиот проект е посветен на вклучувањето на родовите аспекти во главните политики како меѓусекторско прашање. Родовите аспекти ќе бидат интегрирани во сите проектни активности, обезбедувајќи родови квоти во примероците од анкетите, учество на работилниците и другите активности за градење капацитети.

На крајот на проектот, корисниците ќе се стекнат со подобрени знаења и вештини за пријавување корупција, поширок спектар на инструменти за дистрибуција на информации, развиен универзитетски механизам за известување во согласност со националното законодавство, зголемена јавна свест и севкупно попогодна средина за пријавување корупцијата во високо образование.

За нас

Добредојдовте во проектот „Универзитети без корупција“, кој неуморно работи на трансформирање на високото образование во Албанија, Северна Македонија и Србија. Нашата мисија е кристално јасна: да се залагаме за владеење на правото, да всадиме ефективно спроведување на правдата и да ја искорениме корупцијата меѓу студентите и универзитетскиот персонал.

Јазик