Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ (Северна Македонија) во соработка со Институтот за развојни истражувања и алтернативи – IDRA (Албанија) и Центарот за слободни избори и демократија – ЦЕСИД (Сервија) го спроведува регионалниот проект „Универзитети без корупција во Албанија , Северна Македонија и Србија“. Проектот е насочен кон зајакнување на капацитетите на универзитетите, студентските организации и студентите за спречување на корупцијата на универзитетите во трите целни земји. Преку разновидни активности, вклучително и подготовка на Заеднички извештај за перцепција на корупцијата, организирање тркалезни маси, семинари за градење капацитети, летна школа и развој на дигитален софтвер за виртуелен асистент (chatbot), проектот ќе ја зајакне околината која овозможува спречување на корупцијата во областа на високото образование во целните земји од Западниот Балкан.
Проектниот тим подготви Заеднички извештај за перцепцијата на корупцијата, кој го претставува клучниот исход од истражувањето на перцепциите на студентите. Спроведено за прв пат, ова истражување беше реализирано во текот на мај 2023 година, во над 10 градови со помош на техниката „лице в лице“, на примерок од вкупно 934 студенти во трите земји. Оваа публикација ги презентира клучните наоди од истражувањето и ќе послужи како клучна алатка за спроведување на следните фази од проектот.
Во првото поглавје се претставени главните карактеристики на системот за спречување на корупцијата во Албанија и резултатите од истражувањето. Второто поглавје ја истражува ситуацијата во Северна Македонија преку преглед на законодавството и презентација на резултатите од истражувањето. Состојбата во Србија и резултатите од истражувањето се претставени во третото поглавје од публикацијата.
Преку истражувањето спроведено во сите земји, на студентите им беа поставени различни прашања за нивните ставови и перцепции во врска со формите на корупција и достапните институционални алатки за превенција, како и дали чувствуваат дека имаат способности односно можности да користат тие алатки за пријавување случаи на корупција.
Врз основа на истражувањето, беа утврдени различните причини зошто студентите се воздржуваат од пријавување корупција, како што е постоењето на нејасни процедури, што беше идентификувано како една од главните причини зошто корупцијата е недоволно пријавена на нивниот факултет.
Заедничкиот извештај препорачува чекори за понатамошно подобрување на антикорупцискиот систем на универзитетите, со фокус на три важни области:
à Подигнување на институционалните капацитети и подобрување на антикорупциските механизми на факултетите;
à Донесување, измена или подобрување на правните акти од областа на внатрешното предупредување во борбата против корупцијата и
à Информативни и едукативни кампањи за студенти насочени кон борба против корупцијата на универзитетите.
Прочитајте ја анализата и наодите од извештајот (линк до извештајот) за да дознаете повеќе за методологијата на истражувањето, резултатите од истражувањето, сличностите и разликите во трите земји, како и препораките и предлозите кои имаат за цел да ја подобрат ситуацијата во регионот.
Овој заеднички напор е овозможен во рамките на регионалниот грант на СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (ЦПЦД), Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од норвешкото Министерство за надворешни работи (НМФА).
Погледнете го извештајот овде
Видете го кратката политика овде