Работен појадок со пратениците во Скопје

На 28 февруари 2024 година во рамките на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“, ИСИЕ организираше неформален работен состанок со шест пратеници на Собранието на Република Северна Македонија (Комисија за образование, наука и спорт). На средбата беа презентирани и дискутирани наодите од „ Студијата за перцепција на корупцијата во високото образование во Албанија, Македонија и Србија “

На состанокот присуствуваа и член на Државната комисија за спречување на корупцијата и генералниот секретар, како и претставник на студентските организации и претставници и проектните партнери од IDRA (Тирана)   и CESID (Белград) .

Освен тоа, се разговараше за потенцијални парламентарни иницијативи во насока на подобрување на системот за заштита од корупција во високото образование.

Слични настани ќе бидат организирани во март во Белград и Тирана.Проектот се реализира со поддршка СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за

поврзан Западен Балкан ( SMART Balkans ), регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (ЦПЦД Centar za promociju civilnog društva ), Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ Center for Research and Policy Making ) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ IDM Albania ) и финансиски поддржан од норвешкото Министерство за надворешни работи (НМФА Norwegian Embassy in Belgrade ).

За нас

Добредојдовте во проектот „Универзитети без корупција“, кој неуморно работи на трансформирање на високото образование во Албанија, Северна Македонија и Србија. Нашата мисија е кристално јасна: да се залагаме за владеење на правото, да всадиме ефективно спроведување на правдата и да ја искорениме корупцијата меѓу студентите и универзитетскиот персонал.

Јазик