Завршна конференција: Достигнувања и иднина – создавање на универзитети без корупција

Завршната конференција на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ се одржа на 27 август 2024 година во Белград. Овој значаен настан ја означи кулминацијата на напорите за поттикнување на транспарентноста и интегритетот во високообразовните институции во овие три земји.
На настанот учествуваа клучните носители на интереси вклучувајќи ги партнерите (ИСИЕ, ЦЕСИД и ИДРА), претставниците на програмата СМАРТ Балкан, норвешката амбасада во Белград, Министерството за образование, универзитетски професори, студенти и граѓанското општество.

Во текот на 20 месеци, проектот „Универзитети без корупција“ постигна значителен напредок во борбата против корупцијата во високото образование во Албанија, Северна Македонија и Србија. Конференцијата обезбеди платформа за презентација на овие достигнувања и осмислување на идните стратегии за регионална соработка во оваа клучна област.
Извршниот директор на ЦЕСИД, Бојан Клачар го нагласи значењето на регионалната соработка во борбата против корупцијата. Проектниот менаџер Мишо Докмановиќ ги потенцираше иновативните решенија кои беа развиени преку проектот вклучувајќи го дигиталниот асистент за поддршка за пријавување корупција. Дискусиите на конференцијата беа фокусирани на предизвиците за справување со корупцијата во образованието, потребата од рана интервенција и улогата на студентските организации во промовирањето на транспарентноста.
Конференцијата заврши со дискусија за иднината на спречувањето на корупцијата во високото образование, со фокус на приватните факултети и влијанието на вештачката интелигенција и новите технологии. Овие сознанија ќе ја водат следната фаза од напорите за изградба на универзитети без корупција низ целиот регион.
Со завршувањето на проектот, конференцијата послужи како момент за промоција и дисеминација на достигнувањата, решавање на тековните предизвици и трасирање на патот напред за создавање универзитети без корупција во Западен Балкан.
Проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ е заеднички напор, поддржан од регионалниот грант на проектот СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан. Оваа регионална иницијатива е имплементирана од Центарот за промоција на граѓански друштва (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (IDM), со финансиска поддршка од норвешкото Министерство за надворешни работи (НМНР).

За нас

Добредојдовте во проектот „Универзитети без корупција“, кој неуморно работи на трансформирање на високото образование во Албанија, Северна Македонија и Србија. Нашата мисија е кристално јасна: да се залагаме за владеење на правото, да всадиме ефективно спроведување на правдата и да ја искорениме корупцијата меѓу студентите и универзитетскиот персонал.

Јазик