Трилатерална пролетна школа за спречување корупција

Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) во соработка со Институтот за развој, истражување и алтернативи (ИДРА) – Тирана и Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД) – Белград организира Трилатерална пролетна школа за спречување на корупцијата во високото образование која се одржува од 15-18.5.2024 година во Охрид.

Трилатералната школа е организирана во рамките на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, С. Македонија и Србија“. На школата учествуваат 30 студентски лидери и активисти (по 10 учесници од трите земји) како и пет експерти. Преку Школата студентите имаат можност да стекнат теоретски и практични знаења и вештини за спречување на корупцијата во универзитетите. Раководителот на проектот, Мишо Докмановиќ на отворањето на Школата го нагласи значењето на регионална соработка во превенцијата на корупцијата како и користењето на новите дигитални алатки кои се развиени преку проектот (четбот) и им се на располагање на студентите.
Проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ е поддржан со регионален грант на СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (ЦПЦД),  Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од норвешкото Министерство за надворешни работи (НМФА).

За нас

Добредојдовте во проектот „Универзитети без корупција“, кој неуморно работи на трансформирање на високото образование во Албанија, Северна Македонија и Србија. Нашата мисија е кристално јасна: да се залагаме за владеење на правото, да всадиме ефективно спроведување на правдата и да ја искорениме корупцијата меѓу студентите и универзитетскиот персонал.

Јазик